СИТЕ ЛУЃЕ СЕ ЕДНАКВИ ПРЕД ЗАКОНОТ
ДОБРИОТ АДВОКАТ ЗНАЕ ДА ЈА НАПРАВИ РАЗЛИКАТА

ДЕЈНОСТИ


Граѓанско право

Трговско право

Трудово право

Наследно право

Семејно право

Интелектуална сопственост

РЕЗИМЕ


Канцеларијата на Адвокат Маја Јакимовска пружа правна помош во области на граѓанско право, трговско право, интелектуална сопственост, наследно право, семејно право и трудово право.

Адвокат Маја Јакимовска е регистриран агент за упис и промени пред Централниот Регистар на РМ како и овластен застапник за индустриска сопственост, регистриран во Државниот Завод за индустриска сопственост на РМ.

БИОГРАФИЈА


Маја Јакимовска е родена во Скопје. Своето средношколско образование го заврши во ДСЕПУГС „Васил Антевски- Дрен“ Скопје - правна насока. Во 2006 година се запиша на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ Скопје каде во 2009 година дипломираше и се стекна со назив дипломиран правник- Bachelor of Laws (LLB), Law. Во 2009 година ги запишува постдипломските студии на истиот факултет насока деловно право и во 2011 година магистрира и се стекнува со назив магистер по право од областа на деловното право - Master of Laws (LLM), Commercial Law.

Од 2011 година до 2013 година стажира во адвокатска канцеларија во Скопје, каде во меѓувреме во јуни 2013 година го положила правосудниот испит.
Од 2014 до 2015 работи во нотарска канцеларија во Скопје, се до 05.05.2015 година, кога започнува со работа како самостоен адвокат под назив Адвокат Маја Јакимовска.

Од ноември 2015 година е регистрационен агент регистриран во Централниот Регистар на РМ, а од април 2016 година е овластен застапник за индустриска сопственост регистрирана во Државен завод за индустриска сопственост на РМ.

Одлично зборува англиски јазик и има основни познавања од грчкиот јазик.

Контакт


бул.Партизански Одреди бр.17/1

Центар (позади ЈАТ)

Тел: +389 70 92 31 29

Email: maja_jakimovska@hotmail.com

Developed by Medialab